ОФИЦИЈАЛНО: Бојан Маџовски е нов ракометар на Ловќен

Македонскиот ракометен репрезентативец Бојан Маџовски, и официјално потпиша едногодишен договор со можност да биде продолжен за уште една, со амбициозниот Ловќен, објавија црногорските медиуми.

Маџовски во Ловќен доаѓа како слободен играч откако му истече договорот со македонскиот шампион Еурофарм Пелистер. Ова ќе биде прво интернационално искуство за репрезентативното крило, кој потекнува од школата на Металург.

 

Се вчитува...