ОФИЦИЈАЛНО: Диоманде е нов фудбалер на Реал Мадрид!

Јан Диоманде е нов фудбалер на Реал Мадрид, потврдија од мадридскиот клуб.

„Кралскиот клуб“ ќе плати фиксни 125 милиони евра за 19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска, плус 15 милиони бонуси. Доколку се активираат сите бонуси, вкупната вредност на трансферот ќе изнесува 140 милиони евра.

Тоа би бил најскапиот трансфер во историјата на Реал Мадрид, надминувајќи ја сумата што клубот ја потроши за Џуд Белингем во 2023 година, како и трансферот на Еден Азар во 2019 година.

Преговорите меѓу двата клуба траеја неколку дена подолго од очекуваното за да се усогласат финалните детали од договорот, но Диоманде денеска ги напушти подготовките на Лајпциг за да замине на лекарски прегледи во Мадрид и да го потпише договорот.

Се вчитува...