OФИЦИЈАЛНО: Елиф Елмас на едногодишна позајмица во Аталанта!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кариерата ја продолжува во италијанската Серија А, откако договори едногодишна позајмица со екипата на Аталанта. Овој трансфер е целосно изненадување за јавноста, бидејќи клубот од Бергамо претходно воопшто не се споменуваше како можна дестинација за нашиот фудбалер.

За Елмас ова е враќање во Италија, каде што во минатото со успех настапуваше за екипите на Торино и Наполи.

Се вчитува...