Официјално: Хорхе Сампаоли на клупата на Марсеј

Аргентинскиот стратег Хорхе Сампаоли е нов тренер на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј откако денеска потпиша договор со важност до јуни 2023 година. За искусниот тренер кој во својата кариера предводеше бројни клубови, но и репрезентациите на Чиле и Аргентина, ова ќе биде прв клуб во Франција.

Олимпик беше во потрага по нов стратег откако Вилјаш Боаш си замина поради несогласувања со клупската политика за време на јануарскиот преоден рок, а од неколкуте тренери кои беа во комбинација на крајот изборот падна врз Сампаоли.

„Во текот на целиот живок ми велеа дека Марсеј е една пасија. Дека „Велодром“ гори кога тимот ќе стапне на теренот. Марсеј е клуб на луѓето, а јас се препознав со него. Не сме тука да се криеле, тука сме да играме цврсто. Кога добив шанса да го водам овој тим, сонував како се радувам во овој град. Во светот имате мирни и интензивни места. Сакам предизвици и ја прифатив оваа понуда без размислување“ – изјави Аргентинецот.

Се вчитува...