ОФИЦИЈАЛНО: Карим Бензема се раздели со Реал Мадрид

И покрај најавите за негово останување Карим Бензема го напушта Реал Мадрид на крајот на сезоната, потврдија од „кралскиот клуб“.

Денешниот меч против Атлетик Билбао на „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде последен за Французинот во дресот на „кралевите“, а во вторник тимот ќе организира простување на најдобриот фудбалер во последните неколку сезони.

Бензема ќе потпише две годишен договор вреден 200 милиони евра со Ал Итихад од Саудиска Арабија со што ќе биде еден од најплатените фудбалери на денешницата.

Бензема во Реал Мадрид помина 14 сезони, период во кој ги освои сите големи трофеи, а минатата сезона беше добитник и на „Златната топка“ откако го одведе својот тим до титулата во Лигата на шампионите.

Се вчитува...