Барселона официјално потврди дека Доминик Ливаковиќ е нов член на каталонскиот гигант.
Хрватскиот репрезентативен голман пристигнува на „Камп Ноу“ како ново засилување меѓу стативите, а со неговото ангажирање Барселона добива уште едно искусно решение на голманската позиција.
Ливаковиќ зад себе има богата кариера, во која настапуваше за Динамо Загреб, Локомотив Москва и Фенербахче, а со хрватската репрезентација беше еден од најзаслужните за големите успеси на последните Светски првенства.
Тој особено блесна на Мундијалот во Катар во 2022 година, кога со одличните одбрани ѝ помогна на Хрватска да стигне до бронзениот медал.
Сега Ливаковиќ го очекува ново поглавје во кариерата, и тоа во еден од најголемите клубови во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
