Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Коби Мajно, побарал да го напушти тимот на позајмица до крајот на преодниот рок, кој се затвора во понеделник, 1 септември, објавија Би-Би-Си и Скај спортс.
Играчот од средниот ред им кажал на „Црвените ѓаволи“ дека не сака да ги прекине врските со клубот, но во исто време сака да добие поголема минутажа за игра. Играчот од средниот ред доби негативен одговор од шефовите на тимот, бидејќи му објасниле дека се смета за важен дел од сегашноста и иднината на клубот и дека треба да остане на „Олд Трафорд“, каде што може да ја покаже својата желба да се бори за стартна позиција во тимот на Рубен Аморим.
Пред заминување од „Олд Трафорд“ се уште и Расмус Хојлунд, Ентони, Алехандро Гарначо кои треба да ги комплетираат трансферите во Наполи, Бетис и Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

