Манчестер Сити реши да го одбележи крајот на јануарскиот преоден рок официјално претставувајќи го единственото засилување овој месец.
Се работи за големиот аргентински потенцијал Хулијан Алварез, кој доаѓа од Ривер Плата и веќе има настапи и за сениорската репрезентација на актуелниот јужноамерикански првак.
„Хулијан е фудбалер кој го следиме одреден период. Тој е способен да игра на повеќе офанзивни позиции и убедени сме дека е еден од најдобрите млади напаѓачи во Јужна Америка. Среќен сум што го доведовме во Сити, сигурен сум дека ќе му ги овозможиме сите услови за да го реализира својот потенцијал и да стане топ фудбалер“, вели Чики Бегиристајн, спортскиот директор на Манчестер Сити.
Алварез потпишал петипол годишен договор со Сити, ќе го чини премиерлигашот 17 милиони фунти, но барем до јули ќе остане во редовите на Ривер Плата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА