Официјално: Наумче Мојсовски на чело на АМС

Долгогодишниот ракометен репрезентативец на Македонија, Наумче Мојосвски, од денеска и официјално е нов директор на Агенцијата за Млади и Спорт. Ангажманот на Мојсовски беше најавен уште пред извесно време, во изминатиот период имаше битка меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ за добивањето на ова директорско место, за на крајот на денешната седница на Владата да биде донесена одлука Мојсовски да биде предводник на оваа институција.

Владата на Северна Македонија на оваа седница за директор на Агенцијата за млади и спорт го именуваше Наумче Мојовски, наш врвен спортист и ракометен репрезентативец“, се вели во одлуката на Владата.

Мојсовски доаѓа на оваа функција на местото на Дарко Каевски, кој не се прослави за време на директорувањето со АМС. Тој во следните четири години ќе биде пратеник во Собранието на Р. Македонија.

Се вчитува...