Официјално: Рикиќ ќе го брани рекетот на Еуро Никел (ВИДЕО)

Еуро Никел во продолжението од сезоната ќе може да смета на услугите на хрватскиот интернационалец Роберт Рикиќ. 30-годишникот во Кавадарци доаѓа од редовите на Славија Прага, чиј дрес го носеше од почетокот на оваа сезона и на осум одиграни средби забележа просек од 15.2 поени и 7.7 скока.

219cm високиот центар зад себе има богато искуство, носејќи го дресот на неколку АБА-лигаши, меѓу кои и Будуќност, Игокеа и Сплит, па ќе биде од голема помош за тимот на Самарџиев со цел растеретување на товарот на високите позиции каде што настапуваат „ветераните“ Данило Мијатовиќ и Антон Казарновски.

Се вчитува...