Дефанзивецот на Манчестер Сити, Рубен Дијас го продолжи договорот со тимот до 2029 година, соопшти денеска клубот. Тоа значи дека португалскиот интернационалец ќе остане „граѓанин“ девет години, откако пристигна на „Етихад“ во 2020 година од Бенфика.
Дијас досега има повеќе од 200 настапи за тимот на Сити, и освои девет трофеи досега носејќи го дресот на „граѓаните“, од кои четири титули се шампион во Премиерлигата, и еден во Лигата на шампионите.
„Денеска сум неверојатно среќен и горд што го претставувам овој голем клуб. Сити е местото каде што сакам да бидам, секогаш да се натпреварувам за трофеи. Амбицијата на клубот совршено се совпаѓа со мојата, и како фудбалер нема ништо подобро од тоа. Манчесте ре мој дом, иг сакам навивачите и нивната поддршка многу ми значи. Мојата работа е да бидам најдобар што можам во текот на целиот договор, и секогаш да се борам за трофеи“, рече Дијас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

