Шефки Арифовски е промовиран во нов тренер на струмичка Беласица. Тој во Струмица доаѓа на местото на Ване Милков кој поднесе оставка по катастрофалниот старт на сезоната во која Беласица по шест кола е поселдна без ниту еден освоен бод.
„Управата на ФК Беласица му ја довери функцијата шеф на стручен штаб на искусниот стратег Арифовски, кој досега беше член на стручниот штаб, има богата фудбалска кариера како играч, но и како тренер, каде бил член на стручниот штаб во ФК Хоризонт Турново, ФК Слога Југомагнат, ФК Борча Белград, Селектор на младински селекции на Република Македонија, ФК Кожуф, ФК Академија Пандев и др. Му посакуваме успешна работа и среќа во остатокот од сезоната“, стои во соопштението од клубот.
Арифовски дебито на клупата на Беласица ќе го има на гости против Вардар, меч кој ќе се одигра во недела со почеток во 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА