Официјално: Шешко е нов играч на Манчестер Јунајтед

Заврши сагата на Бенџамин Шешко, и тој официјално е член на Манчестер Јунајтед. Словенечкиот репрезентативец денеска потпиша договор со „Црвените ѓаволи“ со важност до 2030 година. Во текот на изминатите сезони Шешко постигна најмногу голови од било кој друг играч под 23 години.

Шешко доаѓа во Манчестер од тимот на Лајпциг. За него беа заинтересирани многу гиганти, Њукасл имаше и подобра понуда, но тој самиот ја избра својата следна дестинација.

„Историјата на Манчестер Јунајтед е посебна, и навистина сум возбуден поради иднината. Кога разговаравме за овој проект, јасно е дека амбициите беа овој тим да расте, и повторно да се бори за најголемите трофеи. Од моментот кога дојдов ја почувствував позитивната енергија во клубот. Ова е дефинитивно совршено место да го достигнам моето максимално ниво и да ги исполнам моите амбиции. Со нетрпение очекувам да бидам со моите нови соиграчи и да учам од мојот нов тренер“, рече Шешко на промоцијата.

Се вчитува...