Официјално: Синот на Диего Симеоне е нов соиграч на Елмас во Наполи

Синот на тренерот на Атлетико од Мадрид, Џовани Симеоне и официјанов стана нов соиграч на Ељиф Елмас во Наполи. Клубот од Неапол ова го потврди на својата официјална страна. Аргентинецот доаѓа на стадионот „Диего Армандо Марадона“ како позајмен фудбалер од Верона.

„Наполитанците“ за овој фудбалер ќе издвојат 3,5 милиони евра за едногодишната позајмица, а идното лето ќе имаат опција да го откупат неговиот договор за 12 милиони евра.

Тренерот Лучијано Спалети беше во потрага по нов голгетер, кој треба да биде резерва на Виктор Озимен, откако Андреа Петања замина во Монца.

 

 

 

Се вчитува...