Официјално: Томори стави потпис на нов договор и ја продолжи соработката со Милан (ФОТО)

Фикајо Томори, дефанзивецот на Милан и официјално ја продолжи соработката со Милан откако се одлучи да стави потпис на нов договор.

24-годишниот стопер зад себе имаше импресивни настапи, па затоа и продолжувањето на договорот беше очекувано. Новата соработка помеѓу Милан и Томори е продолжена на уште пет години.

Со новиот договор Томори ќе добие и поголема плата, а воедно си обезбеди и подолга иднина во тимот од Милано.

 

 

Се вчитува...