Вардар вчера конечно доби нов тренер, а управата на „црвено-црните“ во текот на денешниот ден заврши уште една голема работа, раскинувајќи го договорот со Желсон Родригез.
Репрезентативецот на Луксембург беше најавуван како супер-засилување иако од старт беше јасно дека станува збор за проблематичен карактер. Тој тоа го покажа во првите месеци во македонскиот првак, а по низата проблеми што ги создаде и непрофесионалниот однос беше донесена одлука тој да го напушти Вардар.
Преговорите за предвремен раскин на соработката денеска успешно завршија, што беше потврдено и од самиот фудбалер.
„Ја прекинав соработката со мојот клуб од Македонија. Одлучив повеќе да не бидам дел од Вардар. Знам дека сега ќе се појави голема врева и ќе се зборува се и сешто, но јас сум среќен, среќен што повеќе не сум под притисок, ќе тргнам по ново поглавје во кариерата, ќе заминам некаде каде што се чувствувам како дома“, порача Жерсон Родригеш преку својот инстаграм-профил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
