Доскорешниот хрватски селектор, Златко Далиќ, очекувано експресно најде нов ангажман еден месец по завршувањето на мундијалот. Далиќ ја напушти клупата на Хрватска и јасно стави до знаење дека приоритет повторно ќе му биде селекторски ангажман, одбивајќи неколку клупски понуди во изминатиот период.
Од неколкуте опции за селектор најинтересна беше онаа од Обединетите Арапски Емирати, чија федерација неколку години го убедуваше Далиќ да се приклучи како предводник на тој проект. Откако во минатото ги одбиваше, тој летово ја прифати понудата, па денеска и официјално потпиша договор на четири години и стана нов селектор на Обединетите Арапски Емирати.
Тој доаѓа на местото на Романецот Козмин Олариу, кој доби отказ откако не успеа да обезбеди пласман на СП 2026.
Според хрватските медиуми, Далиќ ќе зема плата од огромни пет милиони евра годишно како селектор на Обединетите Арапски Емирати.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
