Ужасна вест ја потресе спортска Македонија утрово по информацијата дека во тешка сообраќајна несреќа загина младиот кошаркарски тренер Антонио Савески од Охрид.
33-годишниот Савески загина во ужасна сообраќајна несреќа на патот Кичево – Охрид. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила синоќа околу 23 часот кога возилото Хјундаи со охридски таблички, во кое бил Савевски, прво удрило во кучиња скитници на патот, а потоа во металните браници покрај патот. По ударот, возилото се запалило.
Савевски последниот ангажман го имаше како тренер на КК Ангели во Скопје, а претходно беше во Вардар, Водно Санс и Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
