Охрид се засилува во обидот да избори „кам-бек“ на прволигашката сцена. Најново засилување во таборот на охриѓани е искусниот десен бек Горан Силјановски – Шаро.
Силјановски зад себе има искуство со над 300 натпревари во Првата македонска фудбалска лига. Во својата кариера натапуваше за Македонија ЃП, Вардар, Тетекс, Ренова, Работнички, Брегалница, Беса, а кратко беше и во Албанија, во екипите на Фљамуртари и Динамо Тирана. Станува збор за поранешен младински и сениорски репрезентативец.
„Му посакуваме многу здравје, успешни настапи и заеднички победи во сино-белиот дрес“, порачуваат од ГФК Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
