Фудбалерите на Охрид итаат кон есенската титула во Втората македонска фудбалска лига.
Во одложениот натпревар од 14. коло во ВМФЛ, охриѓани го постигнаа еден од најубедливите резултати во историјата на домашните лигашки натпреварувања, триумфирајќи со 0-9 на гостувањето против Големо Коњари во Прилеп.
На тој начин, Охрид изби на врвот од табелата во Втората лига, и во последното есенско коло со триумф ќе ја заокружи есенската титула.
Во вториот денешен натпревар Тетекс и Кожуф одиграа натпревар без голови во Тетово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

