Охридскиот пливачки маратон оваа година на 25. август

Една од најголемите домашни спортски манифестации Охридски пливачки маратон, кој е под капата на Светската серија на ФИНА, оваа година ќе одржи на 25. август.

Иако се уште не е вметнат официјално во календарот на ФИНА и дефинитивно е утврден датумот на одржување, па маратонот од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри оваа година ќе биде седми по ред од вкупно 10 колку се во Гран при светската пливачка серија.

Претходно во Охрид, на 18. август, ќе се одржи и Олимпискиот маратон кој првпат беше организиран минатата година.

Се вчитува...