Охриѓанецот Марко е инспирација за сите: Пејчиновски го исплива седмиот соло-маратон од планираните 10 за ова лето (ВИДЕО)

Амбициозниот, млад пливачки маратонец Марко Пејчиновски од Охрид, го исплива седмиот соло-маратон во водите на Охридското Езеро, на патеката Радожда – Трпејца (карпа „Стог“) – Градиште, во должина од 24 километри.

Пејчиновски патеката ја исплива за 6 часа и 52 минути, а по пристигнувањето на целта, каде беше пречекан со овации од присутните, изјави дека е пресреќен и задоволен од најновиот маратонски подвиг, кој го испливал лесно и за побрзо време од очекуваното.

Последниот маратон е дел од десетте маратонски препливувања на Марко, планирани за ова лето во вкупна должина од 250 километри, со што тој повеќе пати ќе го прокрстари Охридското Езеро од македонска страна.

Целта на 16 годишниот охридски спортски  херој е со личен  пример да ги инспирира луѓето никогаш да не се откажуваат од нивните соништа, бидејќи како што порачува тој, сè е можно, со посветеност и истрајност.

Се вчитува...