Околу 100 Македонци со поддршка за репрезентативците во Разград (ФОТО)

ЕКИПА во Разград

И покрај најавите за поголема поддршка на македонската репрезентација на стартот од Лигата на нациите против Бугарија, сепак само околу 100 македонски најзагреани фанови денеска во Разград.

Но, во секој случај со силна поддршка уште од самиот старт за избраниците на Благоја Милевски, наспроти околу 8.000 домашни навивачи колку што се присутни на „Хувефарма арената“ во Разград.

Домаќините најавуваа полн стадион во Разград, кој е со капацитет од 10.500 седишта, но сепак околу 8.000 навивачи го следат првиот официјален натпревар меѓу Бугарија и Македонија во историјата.

Се вчитува...