Во Хрватска владее еуфорија по пласманот на Ф4 од Лигата на нации. На Светското првенство во Катар се очекуваат големи работи. Но, среќата ја расипува повредата на еден од главните играчи Марсело Брозовиќ.
По тој повод Ивица Олиќ, помошникот тренер на Златко Далиќ, имаше совет за одличниот играч за врска на Интер.
„Добив информација дека за неколку недели ќе биде добро. Со ваква повреда најважно е целосно да се опорави и да не се врати предвреме. Не треба да се води од желбата на тренерот да се врати што поскоро. Тој е нашата машина и би било штета да загубиме таков играч поради полесна повреда. Ако добро закрепне, ќе биде подготвен за Катар, а тоа треба да му биде приоритет додека го планира опоравувањето“, изјави Олиќ.
Хрватска на Светското првенство во Катар се наоѓа во групата Ф заедно со репрезентациите на Белгија, Канада и Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА