Олимпијакос ја заврши потрагата за нов тренер откако управата на грчкиот гигант реши на клупата да го врати Мичел. Условите за двогодишен договор со Шпанецот се договорени, а тој во текот на денешниот ден ќе пристигне во Атина, по што експресно ќе почне со тренинзи со играчите кои не се заминати со своите репрезентации.
Иако прв фаворит за нов тренер беше Лоран Блан, а меѓу кандидатите се споменуваше и Рафа Бенитез, претседателот на Олимпијакос реши на кормилото да го постави 59-годишниот Мичел, со кого соработуваше во периодот од 2013 до 2015 година.
Олимпијакос моментно е петтопласиран во грчкиот шампионат, со само две победи во првите пет одиграни натпревари. Во меѓувреме „црвено-белите“ се засилија со Марсело и со Хамес Родригез, па нема сомнеж дека од Мичел ќе се очекува атак на шампионскиот трофеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА