Олимпијакос ја декласираше Валенсија, Милано подобар од Жалгирис

Олимпијакос ја декласираше шпанската Валенсија со 89-63 во првиот меч по раскинувањето на договорот со досегашниот тренер Дејвид Блат. Грците уште во првото полувреме кое го завршија со предност од 24 поени разлика (54-30). До крајот само рутински го приведоа мечот за конечна победа од 89-63. Василис Спанулис со 17 поени беше прво име кај домаќините, додека кај поразените Лојд уфрли 12 поени.

Милано стигна до првата победа сезонава откако успеа на домашен терен да го совлада литванскиот Жалгирис со 85-81. Домаќините клучната разлика ја направија во првата четвртина која ја добија со 23-7. До крајот на мечот Литванците се обидуваа да го стигнат противникот, но нивната игра во следните три четвртини беше доволна само за пораз од 85-81. Серхио Родригез со 17 поени беше прво име кај Милано, додека кај Жалгирис 19 поени уфрли Валкупс.

Анадолу Ефес по продолженија ја совлада Алба Берлин со 106-105, не дозволувајќи изненадување на свој терен. Најдобар поединец во домашниот табор беше Василије Мициќ со дабл-дабл учинок од 23 поени и 13 асистенции, додека кај Алба Берлин Гиедратис уфрли 21 поен.

Се вчитува...