Олимписка шампионка, а волонтира како тренер на универзитет во Флорида

Седумкратната олимписка шампионка, Кејти Ледецки одлучи да волонтира како тренер на универзитетот Флорида стејт каде ќе се подготвува за Летните олимписки игри во Париз во 2024 година.

24-годишната Американка ќе работи под надзор на Ентони Нести, кој беше еден од тренерите на американскиот тим на игрите во Токио каде Ледецки ги освои златните медали на 800 и 1500 метри.

„Воодушевена сум што станав дел од елитната група на пливачи на Флорида. Годината која ја поминав на Стенфорд беше незаборавна. Сега се одлучив за промена која верувам ќе биде успешна“, изјави Ледецки. 

Ледецки во кариерата досега освои десет медали од олимписките игри, а има и 15 златни одличја од светските првенства.

Се вчитува...