Олимписки шампион призна дека алкохолот е неговата слабост

Двократен олимписки шампион во пливање на 100 метри градно, Адам Пити во интервју за „Тајмс“ призна дека има проблеми со алкохолот.

Британецот одлучи да го пропушти Светското првенство во Фукуока годинава бидејќи не е ниту физички ниту психички подготвен да се бори на највисоко ниво.

„Алкохолот ми е слабост, а причината за тоа е што во него барав утеха секогаш кога ќе имав неволја. Не се срамам да признаам. Јас сум живо суштество и ќе се обидам да најдам решение за тој проблем“, изјави Пити. 

Еден од најпопуларните пливачи на денешницата моментално се бори со недостаток на мотивација бидејќи е недопирлив кога е во прашање дисциплината градно.

Се вчитува...