Омерагиќ: Треба да сме реални – Македонија инфраструктурно заостанува, време е и клубовите да преземат одговорност! (ВИДЕО)

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ гостувајќи на Македонската телевизија, меѓу бројните теми, се осврна и на можеби една од најголемите болки на домашниот фудбал – инфраструктурата.

Омрагиќ потенцираше дека очајната состојба на дел од стадионите не може да е вина на ФФМ, затоа што стадионите си имаат свои сопственици. И конечно е време е и клубовите да се преземат одговорност кога е во прашање сопствената инфраструктура, но и сопствената финансиска самоодржливост.

„Инфраструктурно заостануваме и тоа го кажувам отворено. Дел од стадионите се во лоша состојба, но тоа не може да биде вина на ФФМ затоа што многу од стадионите си имаат свои сопственици. Не можеме да инвестираме средства од УЕФА и ФИФА во приватни објекти што наплаќаат за користење“ – истакнува меѓу другото првиот човек на ФФМ, притоа дополнувајќи дека федерацијата секако ќе продолжи да помага таму каде што има вистински бенефит за фудбалот.

„Но, конечно и клубовите мора да преземат одговорност и да функционираат одржливо. ФФМ веќе направи многу оваа година и ќе продолжи во таа насока“.

Омерагиќ се осврна и на настапот на македонската репрезентација оваа година во Б-дивизијата од Лигата на нациите.

„Среќен сум што во Лигата на нациите сме во група со Швајцарија, Шкотска и Словенија. За да видиме колку вредиме реално. Ќе играме пред полни стадиони и тоа треба да е предизвик за репрезентативците“ – рече меѓу другото Омерагиќ во разговорот за МТВ.

Се вчитува...