Омразата кон Барса им е поважна од Шпанија: Исвиркани фудбалерите на Барселона во Мадрид (ВИДЕО)

Прославата на Шпанија за освојување на титулата во Лигата на нации се претвори во скандал. „Црвената фурија“ ја прослави новата репрезентативна титула во кошаркарската сала на Реал Мадрид.

За време на прославата сите играчи излегоа пред навивачите да им се обратат и се се одвиваше во добро расположение додека Гави не го зеде микрофонот. Сите фудбалери на Шпанија се претставија во преполната сала и одржаа говори еден по еден.

Прославата се одвиваше според планот се додека младиот играч за врска на Барселона Гави не го зеде микрофонот.

Додека 18-годишникот се обидуваше да им се заблагодари на навивачите и да ја изрази својата среќа што го освои трофејот за Шпанија, неговиот говор беше прекинат од навивачите на Реал извикувајќи „Барса курва“.

Овие извици ги збунија и Гави и неговите поискусни соиграчи кои со неверување гледаа што се случува.

Шпанија ја освои Лигата на нации совладувајќи ја Хрватска со 5-4 на пенали во финалето на завршниот турнир во Холандија.

 

Се вчитува...