Онана може да се пакува, Манчестер Јунајтед донесе нов голман

Манчестер Јунајтед и официјално донесе нов голман. Стнаува збор за белгискиот интернационалец Сен Ламенс од Антверпен. Трансферот чини 21 милиони евра плус бонуси.

Ламенс треба уште денеска да пристигне во Манчестер, набрзина да ги мине лекарските прегледи и да го стави потписот на договорот. Останува нејасно дали веднаш Рубен Аморим ќе му даде шанса меѓу диреците.

Овој потпис значи дека Андре Онана може да се пакува, откако имаше уште еден разочарувачки настап во ЕФЛ Купот и поразот од четвртолигашот Гримзби.

Потписот на Ламенс значи дека пропаѓа можноста Емилијано Мартинез да пристигна на Олд Трафорд со оглед дека во последните часови беше поврзуван со трансфер во Манчестер.

Се вчитува...