Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, избегна сериозен инцидент на подготвителниот натпревар против Виљареал во Истанбул, благодарение единствено на брзата и одлучна реакција на неговите соиграчи.
Гостите од Шпанија поведоа во 3. минута со голот на Ајозе Перез од пенал, а само две минути подоцна Осимен израмни. Нигерискиот фудбалер, кој наскоро би можел да го напушти Галата, „експлодираше“ кон крајот на првото полувреме кога го нападна Сантијаго Мурињо по еден дуел.
Испровоциран, Осимен беше решен да го реши „проблемот“ преку физичка пресметка, но соиграчите успеаја да го смират. Виљареал славеше со 2-1 на стадионот „Рамс Парк“ во Истанбул, со голот на Жорж Микаутадзе.
Galatasaray-Villarreal maçında saha karıştı.
Osimhen çok sinirlendi.
Takım arkadaşları Osimhen’i zor tuttu. pic.twitter.com/aJ49BKGt2c
— Krampon Sports (@KramponSport) August 8, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
