Османи: Времето не нѐ послужи во Охрид, но подготвени ќе го дочекаме првенството

Ренова се врати од подготовките во Охрид, и сега останатиот дел до почетокот на сезоната ќе го одработи во Тетово. „Гипсарите“ се едни од трите тима кои останаа во Македонија за време на подготвителниот период, и не заминаа во Анталија или Албанија.

Еден натпревар им беше одложен на „гипсарите“, а одиграа два меча. Ќе следува и трет „тест“ против Тетекс во сабота, што ќе биде генерална проба.

Шефот на стручниот штаб Ќатип Османи вели дека временските услови не дозволиле реализација на 100% од планот, меѓутоа е уверен дека Ренова ќе биде подготвена за почетокот на пролетниот дел.

„Временските услови не ни дозволија да го реализираме целосно планот, и малку не поремети. Меѓутоа задоволен сум од тоа како одработивме таму. Одигравме два пријателски меча, и сега останува да се финишираат некои работи. Сметам дека и покрај тоа што времето не ни беше наклонето, подготвени ќе го дочекаме првенството“, ни изјави Османи.

Се вчитува...