Османи: Задоволство од победата над Силекс, паузата доаѓа во вистински момент

Шкендија продолжи во победнички ритам со триумфот нас Силекс (1-0) во Тетово, но беше очигледно дека и лидерот на табелата влезе во напорен ритам, па не прикажа допадлива игра како на претходните дуели. Сепак, трите бода се освоени, а Шкендија е уште еден чекор поблиску до освојување на шампионскиот трофеј. Тоа носи задоволство кај тренерот Ќатип Османи.

„Секако, задоволни сме поради триумфот, со оглед дека за ривал го имавме квалитетниот состав на Силекс. И на претходниот меч со Ренова се почувствува замор кај фудбалерите, бидејќи ова е наш деветти натпревар за еден месец. Денеска ни недостигаа некои фудбалери, но успеавме да победиме, а со секоја победа сме се поблиску до шампионскиот пехар. Од друга страна, паузата во првенството доаѓа во вистински момент, да се одмориме и да се подготвиме за следните искушенија“, изјави тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Се вчитува...