Осмо, историско, велосипедско патување на Кузмановски и Момировски

По повод 8. септември, Денот на независноста, Сојуз на спортови на Скопје ја организира 8-та историска велосипедска тура. Таа ќе започне на 1. септември 2019 во 09 часот кога Ѓорги Кузмановски и Дејан Момировски – Денда ќе тргнат од Маврови Анови преку Дебар до Струга.

Патеката на Кузмановски и Момировски е долга 110 километри и се планира тие да се во Дебар во 10:30 часот, а да пристигнат во Струга во периодот од 13:30 до 14 часот. Учесници во турата се долгогодишниот тренер, велосипедист и спортски работник проф. Ѓорги Кузмановски кој е на 78-годишна возраст и велосипедист и тренер Дејан Момировски – Денда кој има 52 години.

Ѓорги и Дејан покажуваат истрајност и пожртвуваност со цел да го прослават Денот на независноста во духот на спортските активности и да ги мотивираат граѓаните да бидат активни, посебно спортски, во секоја доба од животот.

Се вчитува...