Осогово со осум нови засилувања

ГФК Осогово денеска во пресрет на почетокот на подготовките за новата сезона ги промовираше осумте нови засилувања. Откако претходно на клубот му пристапија Ѓорѓи Јованоски и Христијан Каралиоски, денес како нови фудбалери на „жолто-сините“ се промовирани уште шестмина млади играчи.

Од екипата на Победа Прилеп пристигна 19-годишниот Стефан Спиркоски кој игра во дефанзива на централната, но и на бековската позиција. Од истиот прволигаш пристига и неговиот врсник Теофан Илијоски Кисески, кој игра како на позицијата последен играч за врска. Прилепчанец е и 19-годишниот напаѓач Филип Димоски кој доаѓа од Победа.

Кон клубот пристапија и браќата Рајатоски. Марио со 20-години е постариот и игра на крилните позиции, а доаѓа од тимот на Победа Валандово додека помладиот 17-годишен Андреј е напаѓач и играше за Њу Старс. Последен од низата засилувања е и Владимир Вечичковски кој е 18-годишен напаѓач кој доаѓа од тимот на Студена Вода, Куманово.

Се вчитува...