Останаа без тренер, па за предводник го назначија градоначалникот на Белград

Актуелниот градоначалник на Белград, Александар Шапиќ стана тренер на ватерполистите на Нов Белград. Како што пренесува „Спортклуб“, актуелниот градоначалник на главниот град на Србија, ја презеде функцијата шеф на стручен штаб на ВК Нов Белград.

Одлуката стана јасна после натпреварот против Приморец во Котор во 7. коло од Регионалната лига, кога практично Шапиќ и ја водеше екипата, и покрај тоа што тимот формално уште имаше тренер во името на Петар Радановиќ.

Но, по враќањето од Котор биле одржани разговори, по што договор со Радановиќ не е постигнат, а овој го напуштил клубот, и веднаш бил назначен Шапиќ.

Се вчитува...