Остин Ривс планира да остане со Лос Анџелес Лејкерс и да потпише четиригодишен максимален договор вреден 185 милиони долари, објави Шамс Чаранија. Бекот на Лејкерс претходно одби играчка од 14,9 милиони долари за да направи место за нов голем договор со франшизата.
Во последната сезона од новиот договор, 2029/30, Ривс ќе има играчка опција, а со потпишувањето, тој ќе стане сопственик на најбогатиот договор за недрафтуван играч во историјата на НБА.
Лејкерси преговараа со неговите агенти Арон Рајли и Реџи Бери во претходните десет дена, откако тимовите добија дозвола да разговараат со своите слободни агенти. Ривс ја имаше најдобрата сезона во својата кариера, со просек од 23,3 поени, 5,5 асистенции, 4,7 скока и 1,1 украдена топка.
Лејкерс со ова јасно покажаа дека го гледаат како еден од клучните играчи за иднината на тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
