Осум клуба во Првата фудбалската лига сезоната ја завршија со нови тренери

Одамна се нема случено во првенството на Првата фудбалска лига дури осум од 12 клуба да ја завршат годинашнава сезона со нови тренери, не со оние со кои го започнаа шампионатот. Навистина несекојдневен рекорд што не е најдобро за статусот на тренерите во Македонија. И веднаш се поставува прашањето, колку се тие заштитени од фудбалските клупски моќници кои можат во секое време да им дадат отказ без да има било какви санкции за клубот или за нив. Се се сведува со веќе излитено соопштение меѓу клубот и тренерот, спогодбен раскин на договорот иако вистината е сосема поинаква. И уште едно прашање на кое никако да добиеме одговор. Дали во Македонија постои тренерска организација за да ги штити своите членови.

Пред да се вратиме на клубовите кои ги сменија во текот на туку што завршено годинашново првенство своите тренери, да ги посочиме четирите клуба кои имаа доверба во нив. Тоа се Шкупи /Гоце Седловски/, Струга Трим /Срѓан Захариевски/, Ренова /Ќатип Османи/ и Скопје /Љупчо Марковски/.

Сезоната на смена на тренери ја отворија Македонија Ѓ.П и Тиквеш. Наместо Александар Таневски во Ѓорче Петров беше ангажиран Муарем Бајрами, додека Тиквеш му се заблагодари на Пане Блажевски со доаѓањето на искусниот Влатко Костов. Борец од Велес успеа да смени двајца тренери. Почна со Борче Христов, на неговото место дојде прилепчанецот Јане Николоски, но издржа само три кола и си замина. Во финишот на првенството Борец го водеа Баже Левков и Марјан Герасимовски.

Потоа на ред дојде Работнички, кој е рекордер поп смена на тренери. Најпрвин „спогодбено“ се раздели со Александар Влахо кој му го отстапи местото на поранешниот тренер на Борец Борче Христов. Но и тој не издржа долго, доби отказ по само две пролетни кола. Го замени до крајот на пролетната сезона Стојанче Игњатов. Во годинашнава сезона покус не остана и Пелистер, по слабите резултати беше јасно дека ќе му даде отказ на Димитар Капинковски. Битолскиот прволигаш го водеа за кусо неговите помошници Горан Пашовски и Горан Генчев, а потоа беше ангажиран Марјан Секуловски но не успеа да го спаси од испаѓање од Првата лига.

Кога си рековме дека е тоа крај на „сеча“ на тренерите дојде бомба од штипска Брегалница. Иако имаше успех есенва, четврто место на табелата, клубот ненадејно, засега не се познати причините, му кажа збогум на тренерот Марјан Секуловски. И веднаш, само по два дена, како сето тоа да беше планирано, беше ангажиран поранешниот тренер на Вардар и Македонија и претседател на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски. Списокот завршува со тренерот на Академија Пандев Александар Васовски, кој замина не поради слаби резултати, имаше успеси, туку кариерата за првпат ќе ја продолжи во странство, потпиша договор со босанскиот прволигаш Сараево. За жал не се прослави, по слабите резултати во новиот клуб, поднесе оставка. Во стариот клуб го замени струмичанецот Ѓорѓи Стојчев. И Шкендија не беше задоволна од постигнатите резултати и работата на тренерот Бруно Акраповиќ, се раздели со него за да тетовчаните , со многу повеќе успех до крајот на пролетната сезоната ги водеше Артим Шакири.

/М.М/

Се вчитува...