Освојувачи на медали по 4. ден на ЗОИ: Германците и натаму број 1!

После четвртиот ден на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во водство по бројот на освоени медали е Германија.

Олимпијците на Германија освоија досега пет златни медали откако вчера триумфираа и во санкање во женска конкуренција. Едно злато помалку има Холандија, додека најмногу медали (11) досега имаат Норвежаните.

Квалитетна залиха медали досега има и Канада – 10, додека Американците се на шест одликувања од кои половината се најсјајни.

Денеска ќе бидат доделени медали во пет натпреварувања, со оглед на тоа што слаломот за жени е одложен поради лошите временски услови.

Се вчитува...