Меѓународниот олимписки одбор (МОО) објави дека нема да покрене истрага против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, оценувајќи дека пријавата против него не спаѓа во надлежност на Етичката комисија на таа организација.
Организацијата за заштита на човековите права „Фер сквер“ поднесе пријава тврдејќи дека Инфантино ја прекршил Олимписката повелба бидејќи не го почитувал принципот на политичка неутралност, изразувајќи поддршка за претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Причина за пријавата беше јавното тврдење на Трамп дека му се јавил на Инфантино за време на Светското првенство и побарал од него да ја преиспита одлуката за црвен картон доделен на американскиот репрезентативец Флориан Балогун.
Напаѓачот на САД требаше да го пропушти натпреварот од осминафиналето против Белгија поради суспензијата заработена при победата од 2-0 над Босна и Херцеговина, но неговата автоматска суспензија од еден натпревар подоцна беше продолжена на 12 месеци, без детално образложение.
Балогун сепак настапи против Белгија, која победи со 4-1. Инфантино е член на МОО од 2020 година, а Олимписката повелба предвидува дека членовите на одборот не смеат да прифаќаат инструкции од влади или други страни што би можеле да влијаат на нивната независност при одлучувањето.
Сепак, од МОО изјавија дека пријавата се однесува на раководењето со ФИФА и нејзините односи со државните институции, како и на примената на фудбалските правила, што не потпаѓа под одредбите на Етичкиот кодекс на МОО.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
