Откако беше несовладлив во дуелот со Барселона, Димитриевски заслужено се најде во тимот на колото (ФОТО)

Репрезентативецот на Македонија, Столе Димитриевски изминатиот викенд го доби признанието „МВП“ на дуелот меѓу Рајо Валјекано и Барселона, а благодарение на одличните одбрани неговиот тим си заминаа со реми од „Камп Ноу“.

По ваквиот настап, Македонецот се најде во изборот на најдобриот тим според „365Scores“. Столе го брани голот во екипата која најмногу се покажа во најдобрите пет лиги низ Европа. Пред него во одбраната се наоѓаат Џејмс, Павар, Ме, Алаба, средниот ред го пополнија Јенсен, Де Брујне, Нејмар и Жоао Феликс, а во нападот се Габриел Хесус и Влаховиќ.

Димитриевски уште еднаш покажа дека е супер мотивиран да игра против Барселона.

 

Се вчитува...