Откажан последниот спуст во сезоната – Нов кристален глобус за Марко Одермат

Откажан е последниот спуст во машка конкуренција во сезоната во Светскиот куп во алпско скијање кој денеска требаше да се одржи во австрискиот ски-центар Салбах.

Тоа значи дека освојувачот на големиот кристален глобус и малите во велеслалом и супервелеслалом, Марко Одермат ќе го додаде и тој во спуст во неверојатната сезона која ја имаше во Светскиот куп.

Одермат во моментов е најдобриот алпски скијач во светот, а тоа го докажа и со третиот во низа триумф во генералниот пласман.

Се вчитува...