Откажан женскиот супервелеслалм во Вал ди Фаса

Поради лоши временски услови, откажана е втората супервелеслаломска трка во женска конкуренција од Светскиот куп во италијанската Вал ди Фаса, соопштија организаторите.

Поради премногу снег кој падна во последните денови, организаторите не успеаја да ја исчистат и подготват патеката, а истото се случи и во саботата. Скијачите ја продолжуваат сезоната во Норвешка каде следната недела ќе се натпреваруваат во спуст и супервелеслалом.

Во генералниот пласман  води Швајцарката Лара Гут Бехрами со 1414 бодови. Микаела Шифрин е на второто место и има 205 бода помалку, но Американката веќе некое време е надвор од патеките поради повреда.

Се вчитува...