Откажани квалификациите на ракометарките за СП 2021

ЕХФ ги одложи европските квалификации за СП 2021 за ракометарки што требаше да се одржат пред крајот на годинава, а на кои Македонија требаше да биде домаќин на еден од квалификациските групи.

Овие натпревари требаше да се одиграат од 4 до 6 декември во турнирски систем, но коронавирусот ги отежнува условите за патување на репрезентациите, по што европската куќа на ракометот ги презакажа средбите за март 2021 година (19-21 март).

Македонија е дел од групата 2 каде нашите ракометарки треба да ги одмерат силите со Исланд, Грција и со Литванија.

Се вчитува...