Откажани сите АТП и ВТА турнири во Кина

Откажани се сите тениски турнири од азиската турнеја, потврдија од АТП и ВТА. Водејќи се од одлуката на кинеските власти во оваа земја да се откажат сите меѓународни спортски настани, здружението на професионални тенисери  одлучи да ги откаже мастерсот во Шангај, како и турнирите во Пекинг, Ченгду и Жухај.

Од ВТА календарот испаднаа дури седум турнири, меѓу кои и завршниот турнир на осумте најдобри тенисерки во светот кој требаше традиционално да се одржи на крајот на октомври во Шенжен.

 

Се вчитува...