„Откажување – не, но одложување на ЛОИ Токио можеби е фер одлука“

Европското фудбалско првенство 2020 е одложено за една година и презакажано за летото 2021. Што ќе биде со Летните Олимписки Игри во Токио? Прашање што се уште лебди, но се чини дека и никој не може со сигурност да каже, ниту да предвиди, до кога светот ќе се бори со пандемијата на коронавирусот. Иако до закажаниот старт на Игрите има повеќе од четири месеци, а организаторите, но и Меѓународниот олимписки комитет категорично одбиваше да зборува за можно одложување или поместување на датумот, сепак, полека мислењето се менува.

„Откажувањето на Игрите ќе биде најлошата одлука, се уште е рано да се донесе конечна одлука, но нивно одложување можеби е фер решение. И тоа во овопј момент нема никаква врска со одлуката на УЕФА да го одложи за една година Европското првенство. Но, светот овие денови е насочен кон многу поголем предизвик, да се сочува здравјето на луѓето на планетата земја“, изјави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, за германските медиуми.

Во Германија, пандемијата на коронавирусот зема се поголем замав, Италија со сите сили се бори против невидливиот непријател, сериозно погодени се и Соединетите Американски Држави, Велика Британија, вирусот Covid-19 со голема експанзија се шири и во Африка.

Се вчитува...