Откриено зошто Рафаел Надал никогаш во кариерата не скршил рекет

Вујкото и долгогодишен тренер на еден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал, Тони откри зошто неговиот внук не крши рекети и е многу смирен на натпреварите.

„Тој никогаш нема скршено рекет во животот. Никогаш немал бунтовна фаза во неговиот живот. Беше образовано дете кое се однесуваше нормално. Сепак, има многу добро воспитани деца во светот не е само Рафа, но јас сум горд на него“, изјави Тони. 

Рафаел Надал досега освои 19 грен-слем титули во кариерата и е најголем фаворит за Ролан Гарос на кој доколку стигне до трофејот ќе се израмни со Роџер Федерер на листата на најдобрите кога се во прашање титулите од најголемите турнири.

Се вчитува...