Ова е наследникот на Хабиб, исто како него се презива Нурмагомедов

Хабиб Нурмагомедов објави крај на кариерата и најави дека ќе се посвети на работа во академијата што ја формираше неговиот починат татко, а извори блиски до УФЦ-шампионат тврдат дека наследникот на Дагестанецот е роднина на Хабиб. Тројца братучеди на шампионот се дел од академијата, Абубакар и Умар важат за солидни, но апсолутно најголем талент е 23-годишниот Усман Нурмагомедов.

Станува збор за борец кој досега во кариерата има скор од 11 победи и ниту еден пораз, бројки што сами по себе не значат ништо бидејќи Усман се уште се нема борено со ривал што е блиску до елитата. Сепак, таткото на Хабиб пред смртта паралелно со шампионот работел и со 23-годишниот Усман, за кого самиот предвидувал дека еден ден може да го наследи неговиот син на тронот.

„Усман е помодерна верзија од Хабиб, ако воопшто може да постои такво нешто. Неговата кариера ја водат истите луѓе крај кои почнуваше и Хабиб, а тие се оптимисти бидејќи тој не само што ги поседува истите квалитети како шампионот, туку паралелно со тоа е и специјалист за мау-таи. Усман е убиец, вистински убиец, има техника на удар, мајстор е за џиу-џитсу, користи и удари од мау-таи вештината… Тој е комбинација од Хабиб, Џон Џонс и Израел Адесанје“, изјави менаџерот Али Абделазиз пред неколку месеци.

Комплиментите сигурно годат, но пред Усман е долг пат да наследи Хабиб, бидејќи вистинските предизвици за него допрва следат.

Се вчитува...