„Ова не e крај на доминацијата на Новак Ѓоковиќ“

Новак Ѓоковиќ во 2024 година нема освоено ниту една титула, нешто што е вистинска реткост за српскиот тениски ас со оглед на тоа што ова се случува само трет пат во неговата кариера, но прв пат проблемот е во неговата форма.

Првиот пат во 2018 година го пречи повредата на лактот со месец февруари, а во 2022 година беше спречен од коронавирусот бидјеќи не му беше дозволен влез во Австралија и Соединетите американски држави.

Многумина веќе го отпишаа доскоро доминантниот Србин, но тоа не е случајот со Рик Мејси, еден од најдобрите тенисери во историјата кој е и „виновен“ за производство на голем број на тенисер и тенисерки како сестрите Вилијамс, Џенифер Капријати, Марија Шарапова, Енди Родрик…

„Не го отпишувајте Новак, ќе освои тој уште грен-слем титули. Ова не е крај на неговата доминација. Можеби не е доминантен како минатата година кога освои три грен-слема и на Вимблдон загуби во финале во пет сета против Карлос Алкараз. Дали ќе ја повтори 2023 година? Не верувам. Дали ќе биде така доминантен? Не. Дали и понатаму може да биде еден од најдобрите на светот? Да. Може ли да освои уште грен-слемови? Апсолутно. Луѓето не разбираат дека тоа што го прави на 36 години е без преседан. Никогаш немаме видено ништо слично. Затоа тој е најдобар на сите времиња“, вели Мејси.

Се вчитува...